Kако може луксузна вила во резиденцијалниот дел на Водно, на површина од 1.658 квадратни метри, со сопствен базен, претходно користена како резиденција на шведската амбасада во Македонија, проценета од банка на 1.4 милиони евра, да се продава за неверојатни 110.000 евра – поставува прашање порталот „Инфомакс“.

Во текстот на „Инфомакс“ се разгледуваат фактите и настаните кои довеле до ваквата нереална проценка на имот кој е во приватна сопственост.

- Во текот на месеците октомври и ноември, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, донел одлука и издал наредба за изготвување на вештачење до Министерството за правда – Биро за судски вештачења, по чија наредба за вештачење овој објект од 1.658 квадратни метри и сопствен базен е проценет на вредност од 6.900.000 денари.

За да биде „трагедијата“ поголема, Бирото за вештачење ја класифицира вилата на Водно како „стан“ како покритие за ниската проценета вредност. Но она што уште повеќе збунува, е што во 2017 година, истиот овој објект бил проценет на вредност од 1.3 милиони евра.

И сега замислете, од 1.3 милиони евра во 2017, истото владино тело ја проценува куќата на 110.000 евра? – Нешто смрди, а?

А што тоа мириса?

Па, нелогично е еден в.д. директор да си ја ризикува својата слобода и кариера ако некој „поголем“ од него, не ја бара оваа услуга. Услугата која се бара од в.д. директорот на Агнецијата за управување со одземен имот Фатон Асани, не е само во проценката, туку и во убрзувањето на постапката за ставање на објектот на лицитација, иако истиот овој објект е под управување на Агенцијата од 2008 година, се анализира во текстот.

Целиот текст може да се прочита на инфомакс.мк