Блерим Беџети, Изет Меџити, Муса Џафери и Садула Дураку, четворката од ДУИ која јавно се спротистави на изборот на Артан Груби и Бујар Османи за министри во извршната власт, денеска оствариле неформален ручек а за истиот ја информираа јавноста преку слика на социјалните мрежи.

-Ние денеска сме на заеднички ручек, редовна средба би рекол, бидејќи не седиме само ние четворица, има и други луѓе, и јас седам со други луѓе, сигурно и тие седат со други луѓе и нема никаква поврзаност со тоа што го зборувате, изјавил Беџети за ТВ 21.

Според информациите кои се пласираа во медиумите, пред извесен период пак, беше најавено дека против работата на Османи ќе биде поднесена интерпелација преку пратеникот Изет Меџити.