Поранешниот министер за образование Арбр Адеми и актуелен пратеник од редовите на ДУИ, во однос на претстојниот попис вели дека нема да ги признае резултите од истиот доколку излезе дека процентот на Албанци е помал од 20%.

– Дали може како министер за образование да споделам еден податок со вас? Бројот на учениците за учебната година 2017/18 година е 121.272 Македонци, односно 64.22 отсто, а 60.709 Албанци, односно 32.15 отсто, рече Адеми.

И пратеникот на Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, Халил Снопче, тврди дека Албанците во Македонија се над 29 отсто.

– Доколку ги земеме податоците од 2002 година ние можеме да имаме сомнежи, некому можеби нема да му одговара, некој можеби ќе каже дека сме 35-40 отсто, но ако ги земеме податоците од 2002 година и ги анализираме статистички бројките на родени и починати од 2013 до 2019 година, јас ви гарантирам дека не се помалку од 29 отсто, туку над 29 отсто, рече Снопче.