Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со амбасадорот на Француската Република во Република Македонија Н.Е. Сирил Бомгартнер. На средбата беа потврдени пријателските односи, довербата, отсуството на отворени прашања помеѓу двете држави, како и поддршката што Француската Република и ја дава на Република Македонија.

Двајцата соговорници разговараа за тековната и идната оперативна соработка помеѓу двете Министерства за внатрешни работи, со уверување дека остануваат посветени на започнатите иницијативи и проекти од заеднички интерес како за двете министерства така и за двете пријателски земји.