Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот Илбер Села.
На средбата се разговараше околу обврските што произлегуваат од имплементацијата на одредбите од Законот за употреба на јазиците. Министерот Спасовски и директорот Села ја потенцираа добрата соработка меѓу институциите.
Директорот Села ја презентираше подготвеноста за асистенција на министерството, особено во однос актите кои Агенцијата за примена на јазикот има законска должност да ги лекторира.