Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар, шеик Јасим бин Хамад Ал-Тани на денешната работна средба ги потврдиле пријателските односи помеѓу двете држави, размениле мислења за тековната соработка и унапредување на истата во областите од заеднички интерес, со особен акцент на областа на безбедноста.

– Во таа насока од страна на двајцата соговорници за наредниот период беа разгледани можностите за искористување на потенцијалите за размена на искуства и реализација на проекти помеѓу двете министерства за внатрешни работи, соопштија денеска од МВР.