Опозициската ВМРО-ДПМНЕ чека законот за попис да излезе во Службен весник да почнат со собирање потписи од граѓаните со кои ќе побараат во Парламентот да се укине донесениот Закон за попис.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска во интервју за ТВ Алфа рече дека најпрвин пратеничката група ќе ги депонира своите потписи, но ги повика и сите оние кои сметаат дека оваа операција е политичка, а не статистичка да се потпишат на иницијативата.

-ВМРО-ДПМНЕ чека овој закон да излезе во Службен весник и апелираме до Стево Пендаровски да не го потпише, иако не очекуваме дека нема да го потпише, бидејќи тој е уште еден слуга на Зоран Заев. Откако ќе излезе тогаш ќе имаме правна основа да почнеме правна процедура. Најпрвин пратеничката група ќе ги депонира своите потписи, а ги повикуваме и другите политички субјекти кои се дел од Парламентот. Но, нема да ја депонираме до Претседателот на Собранието туку, во подрачните единици на Министерството за правда. Очекуваме масовна поддршка од граѓаните, истакна Мицкоски.

Лидерот на опозицијата коментирајќи ја изјавата на директорот на Заводот за статистика дека со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ не е возможна реализацијата бидејќи немало да има ист третаман за сите граѓани кои се уште не го депонирале својот потпис во МВР, рече дека затоа пак има извод од матичната книга на родените кој што ќе можат да го приложат кога ќе дојдат попишувачите и на тој начин ќе се зголеми довербата.

Мицкоски нагласи дека опозицијата се спротиставила и на двојниот потпис со кој, според него, оваа операција е се само не статистичка.

-Практично процентите веќе некој ги знае, а овој двоен потпис само за секој случај да бидеме сигурни дека тоа што сме го договорили сме подале рака како коалицони партнери дека така ќе биде, а до колку некој измрда од овој договор тогаш тука е двојниот попис и нема тоа да го признаеме, кометира Мицкоски за наводен договр меѓу СДСМ и ДУИ.

Според него, секој граѓанин има право на избор, и тие кои ќе одлучат да апстинираат, и тие кои ќе одлучат нормално да го отворат својот дом и да ги поканат внатре попишувачите кои ќе дојдат пред нивната врата. -Тоа е избор на граѓаните, додаде Мицкоски.