Остра реакција на социјалните мрежу упати универзитетската професорка Јасна Котеска по средбата на министерката за образование Мила Царовска со дел од академиците на МАНУ и по селектираните информации пласирани во јавноста дека еден од академиците, поточно Абдулменаф Беџети дал поддршка за новиот концепт за образование.

- Заради наведените лица: Беџети, Фифти, Камбовски и пар слични од УКИМ, сме на 5,000-то наместо на 500-то место на Шангај! Барам јавна истрага за нивните научни портфолија!, стои во еден од твитовите на професорката Котеска.

Во друг твит пак таа коментира дека покрај официјалните ставови на МАНУ и УКИМ, „паразитите“ кои 30 години ја кочат Македонија сами излегле на површина.

- МАНУ и УКИМ излегоа со официјални ставови за “реформите” на Мила @mila_carovska Ова се паразитите, сами се разобличија кој ја кочи Македонија 30 години! Баш така!, коментира Котеска.