Младински образовен форум (МОФ) денеска онлајн ќе презентира наоди од истражувањето „Младинско статус кво – 10 години стагнација: Истражување за младинскиот социјален капитал“.
На настанот ќе бидат презентирани клучни постигнувања на проектот, наодите од истражувањето, како и Младинската декларација – документ за младински приоритети, потреби и визии, а потоа ќе има дискусија со осврт на презентираните податоци и нивното значење.
Најавени се обраќања на амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир, министерката за образование и наука Мила Царовска, раководителот на одделението за пазар на трудот при МТСП, Младен Фрчкоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, координаторот на Клубот на млади пратеници во Собранието, Јован Јаулески, и претседателот на Националниот младински совет на Македонија, Бојан Петровски.
Истражувањето е реализирано во рамки на Проектот за младинско изразување кој МОФ го спроведува во партнерство со Младински сојуз – Крушево и Центар за балканска соработка „Лоја“, а финансиран е од Европската Унија.