Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната 41-ва седница на која на дневен ред ќе се најдат повеќе точки меѓу кои и Програмата за работа за 2021 година на Агенција за енергетика.

Ќе бидат разгледани и Предлог-програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година и Програмата за работа на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година.

На предлог на Министерството за финансии на денешната седница ќе се расправа и за информацијата за Програмата на економски реформи 2021-2023 година.

Министрите на оваа седница ќе се произнесат и за Годишниот финансиски план на Агенцијата за планирање на просторот во 2021 година.

Седницата на Владата е предвидено да се одржи преку интернет видео конференциска врска со почеток во 12:00 часот.