Пулмоалергологот Ангелко Ѓорчев вели дека она што Владата го нарекува план за вакцинација всушност нема да донесе позитивни резултати во борбата со ковид 19.
-Не верувам во колективен имунитет, заради тоа што тој бара многу жртви. Во конкретнава ситуација, огромна популација на македонски граѓани, над 65 години, се практично жртвени јагниња...Во февруари ќе дојдат нели 5000 вакцини преку фајзер, во март 18 илјади, во април уште 18, тоа е вкупно 41 илјада вакцини. ќе се вакцинираат околу 21 илјади луѓе, но што тоа значи на севкупен план на борбата на Македонија за оваа пандемија?! Не значи ништо, вели Ѓорчев за Алфа.
Според него со Србија ни од далеку не можеме да се споредуваме.
-Единствениот лек во оваа ситуација тоа е вакцината, а ние за жал ја немаме. Тоа во Србија го сфатиле многу брзо, па затоа имате таков резултат: масовно вакцинирање. Ние немаме план, немаме програма, немаме визија... - нагласува Ѓорчев.