Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТАза сопствени потреби направи анкета на јавното мислење за таргетирани актуелни прашања. Анкетата е спроведена телефонски во период од 11.01.2021 - 15.01.2021 врз 1.119 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.

Според резултатите од анкетата, на прашањето дали мислите дека државните институции имаат капацитет за спроведување на фер и објективен попис, 59,2% од граѓаните одговориле негативно, односно дека институциите немаат капацитет да спроведат фер и објективен попис, 35,5% сметаат дека имаат капацитет, додека со не знам или одбива да одговори се изјасниле 1,6% од граѓаните оносно 3,7%.

На прашањето пак дали сметате дека попис во време на Ковид пандемија го загрозува вашето здравје скоро половина од испитаниците односно 49.3% одговориле позитивно, 34,4% одговориле негативно, додека 15% немале став по ова прашање.

Над половина пак од испитаниците на прашањето дали сметате дека потребен е политички консензус за оддржување на попис, односно 56,2% одговориле дека е потребен додека 35,4% одговориле дека не е потребен консензус.