Министерката за образование Мила Царовска, бранејќи ја од „петни жили“ новата концепција за основно образование во која предметот историја нема да се изучува како посебен предмет туку ќе биде интегриран заедно со други предмети во делот на општествени науки, на својот фејсбук профил истакна дека ваква дебата за основното образование не се памети во историјата на Македонија.
- За првпат одиме со широка дебата за реформските процеси. Досега не сме имале вакви дебати за основно образование. Што би рекле академиците што беа со мене на состанок: “Пред 25 години да дискутиравме за основно образование како што дискутираме денес, колку ќе бевме развиени, колку подобар потенцијал и човечки капацитет ќе имавме во нашата држава,се пофали Царовска.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ пак, Александар Николоски во неговото гостување во емисијата Што не е јасно истакна дека Царовска води политика на „јас тебе војводо, ти мене сердаре“ со пајташите од СДСМ, партијата од која доаѓа и Мила Царовска.
- Мила Царовска води политика „јас тебе војводо, ти мене сердаре“ , па ги собира пајташите од СДСМ околу себе кои сигурно и велат „колку добро работи“ и како успеала да ја направи оваа „добра реформа“, и „нема никој брилијантен ум како вашиот“, а реалноста е поинаква, еден од предлозите на Мила Царовска е да нема учебници во училиштата и секој наставник сам да си прави програма и да предава.Како ќе учат децата ако нема учебници? – искоментира Николоски.