Зошто никој не ги известил мештаните на пробиштипското село Турско Рудари дека на реката Шталковска се гради хидроцентрала? За градењето станале свесни кога ја виделе механизацијата на терен, а инвеститорот има дозвола да гради добиена од штипските институтции, наместо од Пробиштип.

-Никој се уште го нема известено местното население дека ќе се гради, односно ја нема известено месната заедница. Ние имаме сопствен водовод изграден во осумдесетите години.Тој се протега на потег од шест километри од с.Турско Рудари до с.Шталковица. Нивниот проект како што тие планираат да го градат се поклопува со еден километар со нашиот водовод. Ние бараме тоа да ни го објаснат на нас, вели за Алфа, Љупчо Стојановски-преседател на м.з. Турско Рудари.

Локалното население стравува дека ќе остане без вода за наводнување, ќе се наруши биодиверзитетот во реката, а ќе се загрози и селскиот водовод.

-Сега со премостувањето сите тие површини ќе бидат заобиколени. Реката ќе биде фатена во цефковод, ќе биде преместена и ние ќе останеме без производство во тој потег, вели Јаким Јовановски, исто така жител на с. Турско Рудари.

Градоначалникот на Пробиштип, Драган Атанасов е тој кој сега треба да пресече дали на Шталковица ќе се гради хидроцентрала или не. За него е неприфатливо општината да е доведена во позиција против Владата или надлежното министерство.