Д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“ во денешната изјава во врска со детектираната мутација на британскиот сој на вирусот Ковид-19 кај 46-годишен маж кој веќе е оздравен, а за која вчера информираа истакна дека лицето морало да има некаков контакт за да се пренесе вирусот.
– Дали пациентот знаел за тој контакт или незнаел тоа останува на епидемиолозите да го утврдат, но многу е поимливо дека од некаде се заразил, дали е донесено преку патување во странство, дали при контакти со луѓе кои биле во странство или вирусот циркулирал недела две три претходно тоа не знаеме, бидејќи немаме доволно податоци. Според сознанијата пациентот бил со средна слика, тој е оздравен без никакви проблеми засега, тоа е добар знак, но тоа е еден индивидуелане пациент. Ни требаат податоци за стотици или илјадници пациенти позитивни за новиот и за старите соеви за да направиме релевантна споредба на тие податоци и да излеземе со поверодостојни тврдења, рече д-р Кунгуловски.
Според информациите, посочи тој, вакцините функционираат доволно добро и кон новите соеви на вирусот. Додаде дека при студиите се утврдило дека вакцините кои се неверојатно добри ги поминале сите фази на студии, имаат солидна ефикасност и ја неутрализираат појавата на сериозна болест при инфекција со коронавирусот.