А1 Македонија со големо задоволство го најавува збогатувањето напонудата на своите телевизиски услуги со Arena Sport каналите веќе од февруари. Во првите три месеци оваа понуда ќе биде бесплатна за корисницитена А1.

A1 Македонија во февруаризапочнува со реемитување на17 нови телевизиски канали помеѓу кои се и најатрактивните спортски каналиArena Sport 1, ArenaSport 2, ArenaSport 3, ArenaSport 4и ArenaSport 5. Отсега, корисниците на телевизиски услуги на А1 Македонија, имаат можност да уживаат во спортските натпревари одUEFA Лигата на шампиони,UEFA Лига Европа, италијанското првенство Serie A, ракометната EHF лига, кошаркарските NBA и ABA лига, како и многу други спортски содржини.

“Кaко компанија која секогаш е насочена кон збогатување на своето портфолио на производи и услуги, со целусовршување на корисничкото искуство, воведувањето на Arena Sport каналите го гледаме како голема придобивка за нашите корисници кои следат спортски содржини.Сите обожаватели на најважната споредна работа во светот, фудбалот, ќе имаат можност да ги следат ексклузивните содржини кои ги нуди Arena Sport, пред сè UEFA Лигата на шампиони,и веруваме декаотсега ќе уживаат уште повеќе токму со овие спортски содржини” – изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.

Збогатувањето на понудата на А1 Македонија вклучува реемитување на 17телевизиски канали: Arena Sport 1, ArenaSport 2, ArenaSport 3, ArenaSport 4, ArenaSport 5, Agro TV, Arena Fight, Toxic TV, Toxic Folk, Toxic Rap, Arena Sport 1 HD, Arena Sport 2 HD, Arena Sport 3 HD, Arena Sport 4 HD, Arena Sport 5 HD, Balkan TripиArena E-sport и истите ќе им бидат достапни на корисниците согласно тарифниот модели дополнителните пакети кои ги користат.

По завршувањето на промотивниот период од 3 месеци, во кој корисниците бесплатно ги добиваат овие канали, истите продолжуваат да бидат достапни согласно тарифниот модел на корисникот.

Воведените канали на ArenaSportсоодветно ќе ги заменатдосегашните Sport Кlubканали,кои од 1.3.2021 нема да бидат дел од понудата на А1 Македонија.

За повеќе детали за понудата корисниците можат да се информираат преку јавување во Контакт центарот на А1 Македонија на 077 1234.