Не стивнуваат реакциите во јавноста по вчерашнио извештај на Транспаренси Интернешнл во однос на индексот на перцепција за корупцијата во Република Македонија на кој нашата земја по 2001 година се најде на најнискотоо 111-то место.
Вицепремиерот за корупција Љупчо Николовски во текот на вчерашниот ден преку изјава се обиде да ја релативитизира ситуацијата и истакна дека тоа било само перцепција а не и реална слика. Во текот на денешниот ден пак, власта ја форсира тезата дека тоа било така поради остатоците од „режимот“ а случајно и баш еден ден по објавувањето на извештајот и презентирањето од страна на Слаѓана Тасева во јавноста се пласираше информација дека Тасева била осудена за клевета од страна на основниот граѓански суд.
Но, дека ситуацијата не е воопшто розова во Македонија и онаква како што сака власта да ја претстави, потврди и американската амбасадорка во Македонија, Кејт Брнз која преку социјалните мрежи упати порака дека корупцијата во земјава ја загрозува довербата во македонско -американските односи и дека борбата против неа останува критична точка за Македонија.
„Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества – меѓусебната доверба едни во други и во Владата, вербата во правичност и правична правда и довербата да гради, поттикнува раст и да се унапредува економијата“, Индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси Интернешнл“ во 2020 година е јасен сигнал дека борбата против корупцијата останува критично важна задача за Македонија и фокус на нашето стратешко партнерство, вели амбасадорката на САД во земјава, Кејт Брнз.