Вицепремиерот за корупција за кој јавноста се уште нема јасна слика и претстава што всушност тој работи и кои се неговите ингеренции, а воедно и генерелен секретар на СДСМ, кој спротивно на статутот на партијата беше именуван на оваа функција иако членот 36 тоа изрично го забрануваше односно предвидуваше дека функцијата генерален секретар на партијата е неспоива со функција во извршната власт (па со промената на Статутот на СДСМ оваа одредба е избришана), на својот твитер профил обрати краток пост во кој вели во рок од 3 години застареле 3300 предмети а за тоа виновна била опозицијата, додека неговата партија веќе 3 и пол години ја практицира власта во Република Македонија.

- На секаков начин опозицијата ја попречува правдата, за три години застариле 3300 предмети, пишува Николовски на твитер.

Оттука нејасно е прво на кои тоа 3300 предмети мисли, односно дали се предмети во судството, дали се предмети со мандатни казни од МВР, УЈП или други органи кои се надлежни за ваков тип на активности и второ во неговиот твит нејасно е како опозицијата допринела овие предмети да застарат. Кој од опозцијата го направил тоа, како успеал тоа да го направи, на кој начин и конечно ако опозицијата успеала тоа да го направи, што „побогу“ работат тие како власт и дали воопшто имаат контрола врз институциите, макар и минорна. Во услови кога и централната и локалната и претседателската власт се во рацете на Социјалдемократскиот сојуз.

Ако застареле предмети во судството, што работеле министрите Рената Десковска и Бојан Маричиќ, што работеле замениците министрите поставени од нив и од нивниот коалиционен партнер ДУИ, државните секретари, директори...

Е затоа Македонија од вчера е на 111-то место по индексот за перцепција на корупцијата! Односно, власта е најдобра и „најубава“ корупцијата е заради опозицијата а граѓаните погрешно перцепираат!