„Македоника литера“ го објави романот „Имот“ на италијанскиот писател Федериго Тоци (1883 – 1920), во превод од италијански на македонски јазик на Анета Симовска.
Со овој роман со кој Тоци влезе во историјата на италијанската литература, а критиката го споредуваше со Кафка и со Достоевски и се смета за значајно дело на италијанската литература од првите децении на 20 век. Во „Имот“ тој го опишува светот на немирот, неспокојот и стравот одредени од кон¬так¬тот со реалноста којашто е заканувачка, мрачна, агресивна. Тоа е свет составен од трауми, отворени рани, длабоки повреди на личноста, каде што несовесните личности се подложни на влијанија и се однесуваат нелогично и со несвесни импулси. Тоци раскажува интригантна и смела приказна.
Федериго Тоци (Сиена 1883 – Рим 1920), долго време неразбран и неприфатен, повторно е вреднуван многу години по смртта и веќе е сметан за еден од најважните италијански раскажувачи на дваесеттиот век и е предмет на сѐ поголемо критичко внимание. Меѓу неговите раскажувачки дела позначајни се: „Со затворени очи“ (1919), „Млади и други новели“ (1920), „Три крста“ (1920), „Сеќавања на еден службеник“ (1920).
Федериго Тоци на 12-годишна возраст ја изгубил својата мајка. Додека учел немал секогаш примерно однесување што резултирало со негово протерување од архиепископ-скиот колеџ во Прованѕано и од Факултетот за ликовни уметности. Тој не ги завршил студиите и се посветил на читање во библиотеката, создавање на своја самоука култура и дистанцирање од татко му со кого имал многу кон¬фликтни односи. Една година по смртта на неговиот татко бил принуден да се врати во Сиена, каде што пос¬едувал мали наследени имоти. Во 1914 година бил принуден да ја продаде последната фарма и се преселил во Рим. Во 1919 година се приклучил во редакцијата на „Месаџеро дела Доменика“, каде се сретнал со Орио Вергани, Луиџи Пиран¬дело и Џузепе Антонио Боргезе, кои станале големи обожаватели на делото на Тоци.
Национална слава достигнува во 1920 година, кога Бор¬ге¬зе го дефинира „Три крста“ како ремек-дело на реализмот. „Три крста“ излегло во февруари 1920, а Федериго Тоци починал на 21 март од пневмонија. Романите „Имот“ и „Егоисти“ излегуваат постхумно. Во историјата на италијанската литература влегува во шеесеттите години, кога критичарите ја ревидирале проце¬на¬та за неговото дело, проширувајќи го неговиот опсег од реализам до симболика, а неговото име го споредиле со Кафка и Достоевски.
Во романот „Имот“, Федериго Тоци се обидува да се навра¬ти, иако без да ги негира неговите претходни иновации, на потрадиционалните стил и форма. Делото на Федериго Тоци го открива вкусот на најдобрата италијанска фантастика. „Имот“ завршува телеграфски, но страниците што го подготвуваат крајот на делото ѝ припаѓаат на големата литература.