Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје објави јавен повик за финансирање проекти од областа на визуелните уметности, дизајнот и архитектурата.
Повикот се однесува на проекти за оваа година, а рокот за аплицирање е до 20 февруари 2021.
-Сите заинтересирани уметници (од областа на визуелна уметност, дизајн и архитектура) за реализација на изложбите во 2021 година во Галеријата „КО-РА“ треба да достават на меил dk.kocoracin@gmail.com
кратка биографија, краток опис на проектот и финансиска конструкција која се однесува на побарувањата за целоснио/или делумно /износ потребен за реализација на проектот (самостојна, групна изложба, на слики, грфаики, скулптури, фотографии, или мултимедија, како и проекти од областа на дизајн, применета уметност), наведува Ј.У. Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.