Националната опера и балет в петок од 20 часот ќе ја изведе операта во еден чин „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскaњи, под диригентство на Иван Еминовиќ.

Во операта која раскажува трагична приказна за љубовен триаголник, за традицијата што се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, ќе настапат солистите Весна Ѓиновска Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Катерина Стојановска, Соња Пендовска Мадевска, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Билетите се во ограничен број, а настанот ќе се одржи според здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19. За публика влезот ќе биде отворен еден час пред почетокот на оперската претстава.