„React/or” е светлосна инсталација која изминатиот месец и половина беше поставена на фасадата на шалтерната сала на Македонска пошта.
Инсталацијата, која заврши минатиот викенд, е авторско дело на светлосниот дизајнер Мартин Димитријев и е во рамки на европскиот ROCK проект.
Во соработка е со Младински културен центар – МКЦ, Град Скопје и АД „Пошта на Северна Македонија”.