Во големиот салон во Домот на културата „Кочо Рацин’ – Скопје вчера беше отворена изложбата “Вечното танго на љубовта во нас“.
Во годишената изложба посветена на Тангото и љубовта учествува д-р Дита Старова, м-р Марија Светиева, Росица Лазеска, м-р Шќипе Мехмети, Љупчо Бојаров, Стеван Илијевиќ, м-р Петра Јовановска (Чешка), м-р Валентина Илијевска, м-р Борјана Божиновска, Жанета Радевска Спировска, Верина Николова Соуважон (Франција), Зулејха Али Зубери, Виктор Бранѓолица, Гордана Винчиќ, Маја Андонова Јокиќ, Ленче Коцевска, м-р Игор Поп Трајков, како и Витан Божиновски (Виена, Австрија).
Виолета Калиќ, историчарка на уметноста, автор на овој проект истакнува дека инспирирани од неодминливоста на возвишените чувства кои не поведуваат и извишуваат кон височините, поместувајќи ги опивните хоризонти на љубовта преточена во славните акорди на тангото кое го прославува името на Астор Пјацола ширум светот, навраќајки не носталгично на бројните теми од златниот период на тангото кој ги поврзува вљубениците во тангото ширум светот.