Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска со жрепка ги одреди двојките од елиминациското коло во националниот куп.
Бранителот на трофејот во машка конкуренција Металург во првото коло ќе му гостува на Куманово, додека 13-ет кратниот освојувач на македонскиот ракометен куп Вардар го започнува натпреварувањето против штипски Текстилец.
Натпреварите од првото коло ќе се играат на 24 и 25 февруари, а победниците ќе формираат четири четвртфинални групи. Првопласираните во групната фаза ќе обезбедат место на завршниот турнир, што е на програмата од 21 до 23 мај.
Куп на Македонија – двојки: РК Партизан 2016 Спорт – Голден Арт КЛ 7, РК Преспа 2015 – РК Струга, РК Еурофарм Пелистер 2 – Јехона, РК Металург РА – РК Радовиш, РК Пролет 62 – ГРК Борец, МРК Куманово – РК Металург, РК Астраион Хендбол – РК Македонија ЃП, РК Кичево 2020 – РК Бутел Скопје, РК Прилеп – РК Аеродром, РК Вардар 1961 – РК Текстилец, РК Младост 1977 – РК Скопје 2020, РК Риниа М – РК Работнички, РК Еурофарм Пелистер – РК Вардар Неготино, РК Шампион – ГРК Тиквеш, РК Делчево Вардар – ГРК Охрид, РК Јуниор К. В – РК Драчево.