„Осврти – рефлексии, илуминации, реминисценции“ е насловена книгата на Виолета Калиќ која содржи 107 осврти на авторката кон самостојни изложби на 84 македонски и странски уметници, како и кон групни изложби, ликовни колонии, инсталации и осврти посветени на традицијата и занаетчиството.
Дел од освртите, кои се пишувани во период од 1991 до 2020 година, биле објавувани во каталози кон изложбите и во медиумите, а некои од нив се и преведени на повеќе јазици.
Авторката Виолета Калиќ е историчарка на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Домот на култура „Кочо Рацин“-Скопје, кој ја објави книгата со поддршка на Град Скопје.
По повод промоцијата на книгата, се планира изложба на дела од уметниците кои се застапени во книгата.