Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави денеска скратениот список со 23 ракометари, кои се повикани на подготовките за претстојните два натпревара против светскиот првак Данска во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Македонските ракометари ќе ги започнат подготовките на 6 март за кога е закажан првиот собир во Скопје.

Според распоредот, избраниците на Лазаров ќе ја пречекаат Данска на 11 март во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, а реваншот е на 14 март во Алборг.

По два одиграни натпревара во групата 7 во евроквалификациите, македонската репрезентација има максимални четири бодови, колку што освои и Данска, додека Швајцарија и Финска се без бодови.

Повикани ракометари: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Дејан Манасков, Цветан Кузмановски, Димитар Димитровски, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Столе Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Михаил Аларов, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски, Горан Крстевски, Игор Георгиев, Филип Талевски, Емилијан Ѓорѓовски, Михајло Младеновиќ.


Администратор
26/02/2021 23:31