Во галеријата „КО-РА“ во Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, денеска беше отворена самостојната изложба на фотографии од Никола Јовановиќ насловена „Лица и улици“.

-Изложени се 55 фотографии настанати во период од 2019 до 2021 година во Скопје. Меѓу нив се бројни лица од јавниот и културниот живот. Застапени се повеќе генерации во најразлични амбиенти, но тие моќно доловуваат и широк регистар на емотивни и психолошки расположенија и покрај сета непретенциозност, тие се сугестивни и моќни во интерпретација на најразлични мигови и сегменти од урбаното, субурбаното, катадневното, театралното, жанровското, добивајќи едновремено и аура на архивиран временски простор, укажувајќи на најразнородни сегменти од колективната меморија, изјави Виолета Калиќ историчар на уметноста и стручен соработник за визуелни уметнисти, дизајн и архитектура.