Хју Грант ќе глуми негативец во новиот филм заснован на видеограта „Зандани и џинови“ (Dungeons & Dragons). Проектот е во продукција на „Парамаунт пикчрс”, а во него ќе глумат и Софија Лилис, Мишел Родригез и Крис Пајн.

Приказната на филмот – напишан и режиран од Џонатан Голдстајн и Џон Френсис Дејли, се чува во тајност.

„Зандани и змејови“, инаку е тактичка воено-фантастична игра, која исто така, беше филмувана и во 2000 година. И покрај учеството на глумецот Џереми Ајронс, тоа не мина најдобро кај киноблагајните.

Во меѓувреме, Хју пред извеесно време прокоментира дека размислува да ја напушти глумата откако развил „лошо мнение“ кон оваа професија.

– По учеството во „Музика и текст“, лошо ја доживувам професијава. Се заситив. Потоа се вратив во 2009 година и направив друг филм. Во тој миг, јас не се откажав од Холивуд, но тој ми го сврте грбот… Сакал или не, моите денови како добро платен протагонист одеднаш испарија преку ноќ. Тоа беше малку понижувачко, но ми остави простор во животот за други работи, изјави глумецот.

Прикажувањето на новиот филм е закажано за мај наредната 2022 година.


Администратор
03/03/2021 11:41