Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците на дел од улица „Лондонска“, информираат од ЈП „Водовод и Канализација„ – Скопје.

Од претпријатието велат дека прекинот на водоснабдувањето е поради промена на шибер ф 300 мм на улица „Лондонска“ раскрсница со Булевар „Партизански Одреди“, и ќе трае до завршувањето на промената.


Администратор
04/03/2021 10:09