Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 36-годишен скопјанец за сторено кривично дело „кражба“.

Обвинетиот вчера, на автобуска станица на булеварот „Крсте Мисирков“, одзел паричник од ташна на женско лице. Во паричникот имало пари, документи, картички и други предмети, во вкупна вредност од 8.870 денари.

-Бидејќи во конкретниот случај постои опасност од бегство на обвинетиот кој и претходно е осудуван за истородни кривични дела, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за определување мерка притвор, со цел да се обезбеди непречено одвивање на кривичната постапка против обвинетото лице.​, наведува ЈО.


Администратор
04/03/2021 14:03