Раперката Меган „ди Сталион“ е дел од рекламната кампања за новата линија долна облека на „Келвин Клајн“. Новопечената топмоделка се пофали за тоа со неколку фотографии на Инстаграм.

„Згодна во #MYCALVINS … ’Ди‘ згодната девојка за @calvinklein пролетта, 2021, со @mario_sorrenti”, напиша таа над сликите.

Фотосесијата е дело на фотографот Марио Соренти. Во модната кампања се вклучени и американскиот глумец Ентони Рамос, јамајканскиот реге-пејач Кофи и јапонско-британската поп-ѕвезда Рина Савајама.

Ова е прва соработка на раперката со модната куќа „Келвин Клајн“.


Администратор
04/03/2021 15:17