Најмалку 14 лица загинаа, а најмалку четворица се повредени при лизгање на земјиштето во североисточниот дел на Авганистан, соопштија денеска локалните власти.

Според надлежните органи, жртвите биле работници во рудник за злато, објави ДПА.

– Одронот на снег и кал се урна во планинската провинција Бадакшан, во областа контролирана од милитантните исламистички талибанци, изјави портпарол на провинцискиот гувернер.

Според него, безбедносните сили и владини претставници не можат да дојдат до местото на несреќата поради непристапноста на теренот, додавајќи дека гувернерот ќе им обезбеди помош на семејствата на жртвите.

Во Авганистан секоја зима десетици луѓе ги губат своите животи поради обилните снежни врнежи, бидејќи има недостиг на опрема и спасувачки сили за извлекување на жртвите по лизгање на земјиштето.


Администратор
04/03/2021 21:28