Нов, уште посилен, земјотрес денеска го погоди Нов Зеланд, овој пат со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил малку посеверно во океанот, во близина на островот Кермадек.

Ова е втор земјотрес со јачина од над седум степени за само неколку часа.

Претходно денеска Нов Зеланд беше погоден од земјотресот со јачина од 7,3 степени, соопшти американскиот Сеизмолошки центар и веднаш потоа беше издадено предупредување за цунами.

Брановите на цунами може да се формираат на 270 километри од епицентарот на земјотресот, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување за цунами.

Ен-Би-Си Њуз известува дека епицентарот на земјотресот е северо-источно од Нов Зеланд (источно од Оукленд), а властите на островската земја ги предупредија граѓаните што живеат во близина на брегот што побрзо да се искачат на блиските ридови.


Администратор
04/03/2021 21:29