Нов силен земјотрес од 5.9 степени според Рихтер беше регистриран вечерва кусо по 20.30 часот по локално време, во близина на грчкиот град Лариса, а беше почувствуван и во Македонија.

Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првично објави дека земјотресот беше со 5.8, а потоа го промени во 5.9 степени, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот повторно е јужно од Еласонас, каде што вчера беше регистриран земјотресот од 6 степени.


Администратор
04/03/2021 22:30