Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 загуби вечерва во Скопје од Мешков Брест со 36:32 (20:12), во својот последен натпревар во групата А во Лигата на шампиони.

Со конфузна игра во нападот и порозна одбрана, ракометарите на Вардар беа немоќни против белорускиот шампион и на крајот заслужено го претрпеа осмиот пораз сезонава во Лигата на шампиони.

Најефикасен во редовите на македoнскиот шампион беше Тимур Дибиров со девет голови.

Вардар ја заврши групната фаза како седмопласиран и во осминафиналето за противник ќе го има второпласираниот тим во групата Б, Веспрем од Унгарија.


Администратор
04/03/2021 23:18