Изложба на слики од жени уметнички беше отворена денеска во Музеј галерија Кавадарци. Куратори на изложбата се кустосите Билјана Галабова и Трајче Цветков.
Галабова информираше дека изложбата има интернационален карактер, со свои дела се застапени авторки од Кавадарци, земјава и странство.
-Жените создаваат уметност со векови и својата моќ можат да ја претстават на разни креативни начини, рече меѓу другото таа.
Уредник на изложбата е директорката на Музејот, кустос советник Весна Ѓорѓиева. Покровители се градоначалникот и Советот на општина Кавадарци.