Велешката и македонска авторка Емилија Златкова Анастасова во Локалната библиотека „Гоце Делчев‘ во Велес како организатор, вчера ја промовира својата шеста книга „Неверство“ што ја издаде „Полица“, а поради пандемијата промоцијата беше онлајн преку страницата на локалната библиотека, а по повод празникот на жените 8 Март.

Промоторот Ана Ѓурова рече дека рецензијата ќе ја започне со извадок од неа „Благословен е човекот што се надева на Господ и кому надежта му е Господ“.

– Нејзиниот стил на пишување е лесен, читлив, својствен, а пред сè уникатен. Тоа е бидејќи во сите нејзини книги, без разлика на жанрот ни го претставува семејството, љубовта кон децата, а најмногу ја величи вербата кон Бога. Големиот создател на човекот и нашиот двигател во животот. Фокусот на романот е ставен на семејството, на нашите најмили, нашите ангелчиња-децата. А најголемиот фокус е ставен на нашата верба кон Бога. Едноставно без таа верба ние сме празни, еден дел од душата ни е толку осамена и болна што ќе си помислиме дека ништо друго не може да ја исполни и излечи. Оваа мистерија ќе ве изненади и истовремено ќе ве исполни, појасни Ѓурова.

Авторката Емилија Златкова Анстасова за МИА, ни појаснува дека многу сака да експериментира со жанровите и вели дека ова е нејзин прв трилер, но не класичен туку со своја уникатност.

– Темата пораката на оваа книга е сосема спротивното од насловот на книгата е верноста. Но кога ќе кажеме верност или неверност вообичаено мислиме дека некој не изневерил, но всушност сакам да ги поттикнам читателите колку ние како личности сме верни спрема другите како пријатели, сопруги, родители. Затоа на самиот почеток велам не се потпирај на дрво и човек затоа што дрвото старее и гние и ако се потпреш може да се скрши и да паднеш. А ако се потпреш на човекот и човекот се менува старее и можеш да бидеш изневерен. Затоа порачувам да не бидеме такви гнили дрва, тука сакам да ги поттикнам читателите да размислат колку ние сме верни како пријатели и како личности воопшто, потенцира Златкова Анастасова.

Емилија Златкова Анастасова досега ги издала книгите „Волшебното синџирче“ за деца и млади, „Нов ден, нова песна“ поезија, „Поглед кон невидливото“ збирка драми.„Близнаци“ роман за возрасни и „Детето во снегот“ збирка раскази овие два издадени минатата година.

В.д директорката на велешката библиотека Гордана Васковска им ја препорача на читателите да ја купат најновата книга „Неверство“ на Емилија Златкова Анастасова од издавачката куќа „Полица“ или да ја позајмат од велешката библиотека каде се наоѓаат и останатите нејзини книги.