Во саботата на 13 март во Социјален Центар Дуња Скопје со 29тата изведба на монодрамата Дневникот на лудиот 1 од Николај Гогољ во режија на Ѓорѓи Ризески, а во изведба на Бобан Алексоски започнаа мартовските театарски настани по повод денот на театарот и првиот роденден на Театар Златен Елец.
Следен настан е во сабота на 20 март на иста локација, вториот дел од монодрамата Дневникот на лудиот по текст на Лу Син со наслов Човекојадство и иста екипа. На 30 март по десетти пат ќе биде изведена истата претстава, овојпат надвор од државав во Босна и Херцеговина (Бања Лука) на Аплауз фест со видео линк и специјална фестивалска изведба.
Во меѓувреме на денот на театарот 27 март премиерно ќе биде прикажана претставата за деца Чувари на планетата, проект поддржан од Град Скопје за оваа година. Во претставата играат Надица Петрова, Давид Илиќ и Бобан Алексоски.
На 31 март по петти пат ќе биде изведена комедијата Не ми го чепкај пивото! во режија на Ѓорѓи Ризески, беше првата театарска премиера во Македонија за време на корона во 2020 година.
Инаку течат интензивните подготовки на претставата Чикашки Перверзии, проект во ко продукција со Машина Продакшн од Скопје, одобрен проект од Министерството за култура на Македонија.
Премиерата ќе биде во април, а режијата е на Сибел Абдиу.
Летово ќе се работи на текстот Старицата од Калкута, уште една ко продукција со СПАМ СТУДИОС од Бугарија, во режија на Ана Батева, овој проект исто така е одобрен од Министерството за култура за оваа година.
До крајот на годината Театар Златен Елец, планира уште неколку премиери.