Во наредните десетина денови љубителите на уметноста ќе може да погледат избор на слики од сите досегашни 11 меѓународни ликовни колонии на кои домаќин била националната установа „Уметничка Галерија“-Тетово. Изложени ќе бидат дела на автори од десетина земји кои биле учесници на досешните изданија на колонијата.
–Изложените слики ќе може да се погледнат секој работен ден во временскиот интервал од 09:00 до 19:00 часот. Уметничката Галерија ќе биде отворена за посетителите во тоа време и ќе може да се видат триесетина уметнички дела, информираат од Галеријата.
Во септември 2020 беше одржана последна 11-та меѓународна ликовна колонија во Тетово, која заврши со пригодна изложба на минатогодишните учесници.