Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола во рамки на својата издавачка дејност промовира зборник со стручно-научни трудови на тема „Училишните библиотеки во Битола и Битолско“.
Проектот „Училишните библиотеки во Битола и Битолско“ го реализираа библиотекарните советници Ленче Андоновска и Гордана Пешевска, и е поддржан од Министерството за култура во областа на библиотечната дејност.
– За реализација на проектот беа воспоставени контакти со библиотекарите во училишните библиотеки, а во поголемиот дел извршен е увид и истражување во училишните библиотеки. Во 23 стручни трудови поместени се историјат, развој, книжен фонд и активности на училишните библиотеки. Зборникот претставува одраз на опстојувањето, работата, развојот на дејноста и активностите од областа на библиотекарството во овие средини – основните и средните училишта во Битола и Битолско во минатото, сегашноста и иднината, беше истакнато на промотивниот настан во Библиотеката.
Со новата публикација одбележана е годишнина од основањето на НУУБ „Св. Климент Охридски-Битола.