Единаесеттото издание на Фестивалот на нова музика Здраво млади официјално е закажано за 26 и 27 август 2021, соопшти тимот на МКЦ.

Тимот на МКЦ им се заблагодарува на сите што учествуваа на конкурсот за дизајн на здраво млади.

– Стигнаа над 100 дизајни од 94 дизајнери. Првата награда, за официјален дизајн на Здраво млади е доделена на Катја Штркова, втората награда на Воскресија Андреевска и третата на Весна Арангеловиќ, се вели во соопштението.

Сите новости, како што додаваат, ќе бидат објавени на социјалните мрежи на МКЦ и Здраво млади.