Во Изложбениот салон – Империјал 2 при Културно информативниот центар – Скопје вечер во 18 часот ќе бидат изложени над 20 дела работени во техника на платно на уметницата Исмане Мехди, создадени од 2018 – 2021 година.
Исмане Мехди е родена 1990 година во Гостивар. Дипломирала на Факултетот за ликовна уметност при Државниот Универзитет во Тетово, оддел сликарство во класата на проф. Решат Амети. Член е на Здружението на ликовни уметници на Македонија ДРАУДАЦУМ, каде била и потпретседател во 2018 година. Работи како професор по ликовна уметност во училиштето „Исмаил Ќемали“ –Гостивар, а како надворешен соработник е ангажирана во Министерството за култура.
Досега реализирала три самостојни изложби, од кои две во државава и една во Турција. Добитничка е на наградата ,,Art friendship Ambassador” од Национална академија за култура и уметност во Куала Лумпур, Малезија.