Минусни температури изутрина се измерени во цела држава, со исклучок на Дојран. Осум степени под нулата се регистрирани во Берово и Попова Шапка, -7 во Маврови Анови, -6 во Скопје-Петровец и Крива Паланка, -5 Крушево и Претор, -4 Битола, Охрид, Куманово, Штип, Струмица, Демир Капија и Прилеп, -3 Дебар и Тетово, -2 Скопје-Зајчев Рид, -1 Гевгелија, а 2 во Дојран, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Како што најави УХМР, претстои период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во следните два дена на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.


Администратор
09/04/2021 10:58