Продажните цени на прозводителите на индустриски производи во февруари биле повисоки за 1,5 проценти на месечно ниво и за 3,9 проценти на годишни ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со јануари, продажните цени биле повисоки во секторот Рударство и вадење камен за 3,6 отсто, во Преработувачката индустрија за 1,3 отсто и во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 отсто.

Во истите сектори има зголемување на продажните цени и во однос на февруари лани.

Зголемување за 1,6 отсто на месечни и за 4,2 отсто на годишно ниво се бележи и на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари. Во споредба со јануари годинава зголемување има во секторите Рударство и вадење камен и во Преработувачката индустрија. Во овие два сектора продажните цени се зголемени и во однос на февруари минатата година.


Администратор
09/04/2021 22:19