Во 2020 година, просечниот годишен приход по член на домаќинството во Бугарија е 7.002 левови (3.500 евра) и е зголемен за 6,2 проценти во споредба со 2019 година, соопшти Националниот статистички институт на Бугарија. Во изминатите десет години (2011 – 2020 година) вкупниот приход по член на домаќинството се зголемил за 1,9 пати.

Во 2020 година, бугарските домаќинства потрошиле во просек 6.220 лева по лице, што е скоро непроменето во споредба со 2019 година. За периодот 2011 – 2020 година, трошоците на домаќинствата се зголемиле 1,8 пати.

Реалните приходи на домаќинствата се зголемиле за 4,4 проценти во 2020 година во споредба со 2019 година.