Конгресмените од Демократската партија на САД планираат да воведат закон за проширување на составот на Врховниот суд со уште четворица судии.

Предлогот има за цел да ја прекине доминацијата на конзервативците во судот, што ветува сериозно спротивставување од страна на републиканците.

Сенаторот Ед Марки и конгресмените Џери Надлер, Ханк Џонсон и Мондер Џонс денеска ќе одржат прес-конференција на која ќе го најават воведувањето на законот во двата дома. Мерката предвидува зголемување на бројот на судии од девет на 13, според копија од предлог-законот во Сенатот, во кој имале увид американски медиуми.

Минатиот петок, претседателот Џо Бајден објави формирање на комисија за проучување на прифаќањето на потенцијалните промени во Врховниот суд, вклучително и наметнување ограничен мандат на судиите наместо нивно назначување доживотно.

Бројот на судии во Врховниот суд изнесуваа деветмина од 1869 година, но Конгресот има моќ да го смени бројот и тоа го стори неколку пати.

Наметнување ограничен мандат на секој судија веројатно ќе бара измена на Уставот, иако некои експерти предлагаат други начини.

Републиканците се притив таквата идеја.