Европската комисија реагираше на најавата за повлекување од Авганистан на трупите на НАТО и САД и бара посветеност кон мировниот процес од сите чинители.

-ЕУ ја прими на знаење одлуката на САД и НАТО целосно да се повлечат од Авганистан до 11 септември почнувајќи на 9 мај, сметаме дека клучен ќе биде конструктивен ангажман во мировните преговори и ЕУ ќе продолжи да работи во соработка за изнаоѓање на политичко решение, и ќе продолжи да повикува да се стави крај на насилството кое останува неприфатливо високо, изјави Набила Масрали, портпаролка за надворешни работи.


Администратор
15/04/2021 16:06