Министерката за култура Ирена Стефоска денеска по повод Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите ќе престојува во Битола каде ќе посети неколку значајни културно-историски споменици.
Стефоска ќе го посети и Ислахането, училиштето за занаети и уметности од османлискиот период.
Станува збор за објект стар 120 години, единствен од овој вид зачуван во земјава.