Амбасадорите на ЕУ, на Германија и на Франција во Албанија, по денешната средба во Елбасан, со претставници на двете најголеми политички партии во земјата – Социјалистичката и Демократската, го нагласија значењето за слободни, достоинствени и транспарентни избори и признавање на резултатите од сите партии.

Евроамбасадорот Луиџи Сореца, по средбата рече дека постои загриженост за купување гласови, поради што порача дека „ купувањето и продажбата на гласот е кривично дело“.

-Сакаме да ја пренесеме пораката што ја упативме на почетокот на изборната кампања, во заедничка изјава од 25 март. Сакавме да видиме кампања насочена кон програмите, албанските граѓани и нивните потреби и нефокусирана на напади и заплашувања. Ја повторивме оваа порака до сите лидери што ги сретнавме и истовремено ги слушавме нивните ставови и грижи. Навистина важно и многу суштинско за овие избори е да бидат слободни, фер и транспарентни и сите партии да го прифатат резултатот. Порачуваме дека оној кој купува и оној кој продава глас прави кривично дело, рече Сореца.

Сореца дека изборите ќе ги набљудуваат 40 претставници на ЕУ и земјите-членки.

Идентична порака упатија и француската амбасадорка, Елизабет Барсак, и германскиот амбасадор, Петер Зинграф, оценувајќи дека изборите се „исклучително важни не само за албанските граѓани, туку и за ЕУ, иднината на Албанија во ЕУ“

Округот Елбасан се смета за еден од „попроблематичните“, поради што на двапати престојваше и амерканската амбасадорка Јури Ким, на средба со претставници на политички партии.