Во следните три месеци, Албанија ќе добие 145.000 вакцини за коронавирус од ЕУ, потврди денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, јавија албанските медиуми.

Станува збор за вакцини на Фајзер што ќе бидат дистрибуирани како дел од помошта за Западен Балкан. Ова на нејзиниот Твитер го потврди претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која напиша дека ЕУ е близу до своите партнери на Западен Балкан.

„Ние сме заедно во оваа борба“, наведе таа.

Во Албанија вкупната бројка на добиени вакцини изнесува над 703.550 дози, од нив 266.190 дози пристигнаа од неделата навечер до синоќа од кои 50 илјади, донација од Индија, 208 илјади од Синовак, и 8.190 дози од Фајзер.

Како што претходно информираше министерката за здравство Огерта Манастирлиу заклучно со вчерашниот ден имунизирани се 345.934 лица, од нив повеќе од 210 илјади стари лица.